Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во штипските основни и средни училишта новата учебна година ќе ја почнат 5.569 ученици

Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека  вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика. 

-Што се однесува до средното образование, треба да кажеме дека образованието го започнуваат 2.021 ученик, од кои во прва година ќе се запишат 508 ученика, или вкупниот број на ученици кои ќе го започнат основното и средното образование во учебната 2026/2027 година изнесува 5.569 ученици- рече Санева. 

Прашана дали имаат анализи за бројот на учениците, во споредба со минатата година, Санева одговори дека и во општина Штип имаме одредено намалување на бројот на ученици кои што се запишуваат во основното образование, а исто така и во средното образование. 

Реклама

-Меѓутоа, ако направиме компарација, ќе видиме дека тој број годинава е малку помал од претходната година. Тоа значи дека сепак помала е разликата од минатата година досега, отколку претходните години. Правиме анализи и во средното образование, меѓутоа средното сепак е можност учениците да се запишат и во други училишта и во други градови и тоа не е некој показател за бројот на присутни ученици во државата, а во основното образование учениците се запишуваат во Општината и тоа ни е некој показател, за вкупниот број на ученици кои што се во моментот во Општината- изјави Санева. 

Инаку, основните и средните училишта во Штип се подготвени за почетокот на новата учебната година.