Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Лефков: Поради обвинителот на СДСМ и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДСМ и ДУИ, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДСМ и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти.

Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“.

Реклама

Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДСМ и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда.