Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Прилози

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Оштетени куќи, покриви, поплавени домови, искршени автомобили. Над стотици  пријави за штети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оштетени куќи, покриви, поплавени домови, искршени автомобили. Над стотици  пријави за штети од силното невреме кое го зафати Скопје пред еден месец пристигнале до општинските комисии. Во петокот  истече рокот за пријавување, а сега се комплетира документацијата, по што се очекува да стартува обезштетувањето. Во општина Аеродром пристигнале 150 пријави.

Постојат две големи групи на штети, тоа се оштетени возила кои се пријавени до општина Ааеродром како последица од невремето односно паднати дрвја и оштетени кровови  на колективни индивидуални домаќинства и тие се двете најголеми групи на штети, постојат  штети  од протекување,  поплавување, но оштетени возила и кровови се најголемите штети“, изјави градоначалникот на Аеродром Дејан Митески.

Се обработуваат пријавите и во Карпош, Центар, Гази Баба. Од Град Скопје најавуваат дека во наредните денови ќе се одржи нов состанок со градоначалниците на скопските општини, на кој ќе се сумираат пријавите и ќе се разговара за понатамошниот тек на постапката.

Реклама

Градоначалникот Георгиевски повторно ќе има состанок со градоначалниците на кои ќе се утврдуваат бројот на пријавени  штети и согласно законската регулатива и воспоставена пракса ќе се започне постапка за поддршка на граѓаните при санација на оштетувањата на објектите за домување“, велат од Град Скопје. 

По завршувањето на работата на комиисиите треба да се утврди вкупниот обем на материјалната штета. Комисиите израбоуваат  елаборат за сите барања,  кој  треба да го достават до Владата, која пак ја  презема обврската да им помогне на општините и граѓаните да ги исплати нивните штети.