Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ во значителна вредност од 507.632.173 денари.

На сите обвинети им се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 в. в. став 4 в. в. став 1 в. в. член 22 од Кривичниот законик за кое е предвидена затворска казна од најмногу пет години. 

Реклама

Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Првообвинетиот, поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, сè уште е недостапен на органите на прогонот, односно тој е во бегство, и за него Обвинителството бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена, а за вториот обвинет – Артан Груби – предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање патна исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор, во согласност со член 470 став 4 од Законот за кривичната постапка, може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена, сметано од 13 август.

Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор