Во Крушево денеска ќе биде промовиран прекуграничниот ЕУ-проект „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“ и ќе биде отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг.
Промотивниот настан за проектот „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“ е поддржан од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот на општина Крушево, Нико Чонески, претставници на Делегацијата на Европската Унија и на Министерството за локална самоуправа, како и проектниот менаџер Елизабета Ѓоргиевска.
Во рамките на настанот ќе биде отворена и натпреварувачката програма на Светското јуниорско првенство во параглајдинг – „Крушево 2026“, на кое ќе присуствуваат претседателот на Светскиот параглајдинг-куп, Горан Димишковски, и делегација од општина Елбасан.

За медиумите и за гостите ќе биде организирана посета на новоизграденото полетувалиште за параглајдинг „Црн Врв“, каде што ќе се изведе и првиот официјален демонстративен лет

