Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апартмани, соби и вили што се изнајмуваат преку интернет-платформи, под лупа на институциите. Охрид бара фер конкуренција во туризмот, а УЈП најавува засилена соработка со локалната самоуправа и туристичкиот сектор за да се пријавува секој остварен доход и да се плаќа данокот. Од Општина Охрид велат дека целта е да се стави ред и во онлајн изнајмувањето, каде што, како што посочуваат, мора да важат исти правила за сите.

“Она што е најважно е да се обезбеди фер туризам, лојална конкуренција, да ги отстраниме сите нелегални станоиздавачи, да се регулира плаќањето на доходот на сите оние кои закупуваат простор, дали се тоа станови, апартманиили соби, вклучувајќи ги и оние кои издаваат преку интернет операторите  простор во нашиот град.Особено е значајно да постои координирана и континуирана соработка помеѓу институциите вели Ана Крстеска, заменик градоналачник на Охрид.

Обврските не се однесуваат само на оние кои континуирано изнајмуваат сместување туку и за граѓаните кои капацитетиte  ги издаваат повремено, дури и само неколку дена во месецот. Без  разлика дали гостите се домашни или странски, дали плаќаат во готово, преку сметка, или пак резервацијата е направена преку Airbnb, Booking и други интернет-платформи и социјални мрежи.

Реклама

“И исто така тука спаѓаат и сезонските работници и малите продавачи кои вршат дејност од времен карaктер.Ситезаеднода придонесеме, да создадеме фер, еднакви услови за сите, да ја поттикнеме фер конкуренцијата и да ја сузбиеме сивата економија.Нашата Mакедонија има голем потенцијал и треба да придонесеме, да вложуваме за развој на туризмот и заедно да учествуваме, да ја движиме локалната економија напред”- вели Весна Николоска Ристовска,УЈП.

Данок треба да платат и сите што изнајмуваат опрема за рекреација :кајчиња, педалинки, СУП даски, кануа и кајаци, но и продажбата на ракотворби, сувенири, накит и уметнички предмети. Во Охрид официјално се регистрирани околу 3.000 станоиздавачи. Но, колкав е бројот на оние кои издаваат, а не се регистрирани – засега нема точна бројка. Од УЈП велат дека податоците ќе бидат анализирани по завршувањето на туристичката сезона. За непочитување на даночните обврски се предвидени и парични казни, кои во зависност од прекршокот може да се движат од 50 до 250 евра.