Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2026“ по 30. пат од утре во Кавадарци

Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2026“ по јубилеен 30. пат утре започнува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2026“ по јубилеен 30. пат утре започнува во Кавадарци, информираше денеска ликовниот уметник Владимир Темков, куратор на манифестацијата. 

Темков соопшти дека на колонијата ќе учествуваат голем број ликовни уметници од земјава и од странство. Тој рече дека станува збор за еден од најзначајните вакви настани во државата, поддржан од Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. 

– Природните убавини на Тиквешијата, како и секогаш, ќе бидат инспирација за творење на уметниците. Меѓу нашите гости имаме докажани и наградувани ликовни уметници, кои ќе го овековечат престојот во најголемиот лозаровинарски регион во државата – истакна Темков.

Реклама

Традиционално, колонијата започнува со ликовна изложба и дела, претходно создадени од некои од учесниците. Овојпат, љубителите на уметноста ќе ги погледнат делата на турската ликовна уметница Мелихат Тузун, декан на турскиот, Тракиски Универзитет.

Изложбата е насловена „По стапките на животот“ и ќе биде отворена утревечер во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

На утрешното отворање ќе бидат доделени плакети на сите општествено одговорни компании што изминатите 30 години имаат придонесено за развојот на оваа ликовна колонија.

Уметниците ќе творат во прекрасниот амбиент на месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа.