Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани синоќа на Споменикот на слободата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани синоќа на Споменикот на слободата на локалитетот Локубија ја одбележа 36-годишнината од основањето. На настанот присуствуваа основачите на огранокот и претставници на нивните семејства, членови и симпатизери на партијата, како и граѓани.  

Меѓу присутните беа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Обраќајќи им се на присутните,  Мицкоски рече дека ВМРО – ДПМНЕ  и Македонија се сопатници низ времето, бидејќи на 36. годишнина на кочанскиот ОК и се надоврзуваат 35. години самостојност на државата.

Реклама

-Заедно споеделуваме и убави и помалку убави моменти. Ние и Македонија споделуваме и подеми и падови и победи и порази. Но, она што е важно и денеска треба да го кажеме е фактот дека без ВМРО – ДПМНЕ ја нема Македонија. И тоа секој еден жител на Македонија, секој еден жител на Кочани,  треба да го знае. ВМРО – ДПМНЕ е македонскиот идентитет, а без  македонскиот идентитет ќе ја нема ни Македонија- порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ им се заблагодари на основачите на Општинскиот комитет од Кочани, луѓе што во тоа време, како што нагласи,  имале храброст пред се, биле визионери, знаеле што сакаат, имале цел кон која што се стремеле.

-Во тие времиња кога се уште голем дел од нашите сограѓани сонуваа за некоја друга југословенска федерација, тие со својата храброст  одлучија  да го формираат ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани и да зборуваат за независна, суверена, демократска Македонија, која ќе има своја бакнота, своја фудбалска репрезентација, своја армија и ќе се гордее со тоа – затоа што е Македонија. Затоа, уште енаш, ви благодарам на сите од мое име и од името на Извршниот комитет за сето тоа што го направивте за организацијата и за ВМРО – ДПМНЕ-  потенцираше Мицкоски.

На крајот од своето обраќање, Мицкоски нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ во овој момент повторо  е најголемата политичка сила во државата и пример за останатите политички партии  во регионот, па и пошироко,  илустрирајќи го ова со резултатите од последните мерења на јавното мислење, според кои, сите политички партии заедно се со помала поддршка од народот од подршката што како единка ја има ВМРО – ДПМНЕ.

На одбележувањето на 36 – те години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани поздравен говори одржа и пратеникот Миле Лефков, како и претсдателот на кочанскиот  ОК, Александар Андов, кој приликава ја искористи да им додели плакети и признанија на оние што во 1990 – та година во Кочани го основале  Општинскиот комитет на денес владеачката партија во Македонија.

Постхумно признание му беше доделено и на Анче Трифунов, за неговиот придонес во работата и опстојувањето на партијата во Кочани.