Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Концерт на Драган Даутовски на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

– На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век.

Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука.

– На овој начин културното наследство повеќе се доближува до пошироката публика, но воедно на оваа неолитска населба ѝ се дава нов контекст претворајќи ја во интимен концертен амбиент. А за оваа пригода веројатно нема посоодветен музичар од Драган Даутовски, кој со своето маестрално музицирање на неолитската топчеста флејта, ќе нѐ пренесе во светот на предисторијата и на Врбјанска Чука ќе ѝ го вдахне животот што таму бил присутен пред 8 000 години – стои во соопштението од Центарот за истражување на предисторијата кои го организираат настанот заендо со Прилепскиот џез викенд и Завод и музеј – Прилеп.

Реклама