Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

На ДУИ ѝ поминаа две децении на власт, во тендери и апашлак,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ДУИ ѝ поминаа две децении на власт, во тендери и апашлак, па очигледно не ѝ останало време да ги научи законите. Откако не им помина приказната за Беса, сега се фатија за Алтернатива, а никако да откријат дали ДУИ навистина ја води Али Ахмети, Бујар Османи или Артан Груби од куќен притвор, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Наместо да тропаат глупости за некаква измама, треба да знаат дека ВЛЕН на локалните избори не настапи како регистрирана политичка партија.

Со победата во десет општини, партиите што го сочинуваа ВЛЕН стекнаа конкретни права и обврски што произлегуваат од изборниот процес. Токму затоа преминувањето на петте политички фактори во ВЛЕН како единствена партија се одвива во фази, во согласност со законите и постапките што ги налага регулативата.

Реклама

Тука нема никаква тајна и никаква измама. Има само законска постапка што ДУИ или не ја разбира или намерно се преправа дека не ја разбира за да произведува евтина пропаганда.

Алтернатива, Беса, Демократското движење, Алијансата за Албанците и Самоопределување ќе останат трајно во меморијата на албанскиот народ како политичките фактори што ја поразија ДУИ, а ВЛЕН ќе го прати во трајна политичка пензија нереформираното раководство од Мала Речица, кое функционира како политбиро.