Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Прилози

Слободан Трендафилов молчи за обвинувањата на вработените за притисоци во ССМ

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов без одговор на сериозните обвинувања кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов без одговор на сериозните обвинувања кои пред камерата на Алфа вчера ги упатија дел од вработените. Алфа побара негов став за наводите за мобинг, откази, суспензии и сомнежи за финансиското работење на Синдикатот, но не успеа да воспостави комуникација за да добие одговор. Наместо објаснување од првиот синдикалец, се уште остануваат отворени низа прашања. Во последниве два дена, тој одржа говор по повод 80 години од формирањето на синдикатот и по тој повод даде и интервју на еден македонски телевизиски канал, но никаде не се осврна на обвинувањата дека токму тој, којшто пред камерите се бори за работничките права е истиот оној кој ги прекршува.

Дел од вработените во ССМ тврдат дека додека Трендафилов на улица се бори против мобингот и незаконските откази, токму тој зад затворени врати го практикува, а синдикатот наместо кој треба да биде бастион за заштита на работниците е место кадешто тие не се сигурни.

Тие рекоа дека Трендафилов им поделил откази на седуммина вработени, додека четворица суспендирал. Бројни се и обвинувањата за мобинг, притисоци и понижувања на работното место.

Реклама

„ССМ нелегитимниот синдикалец Трендафилов го претвори домот во Капела. Ме избрка избрка 7 души, 4 се суспендирани. А замислете се бори за човекови права. Пушташе плата по 3000 денари, а велеше по медиуми кој ќе дава под минималец ќе одговара кривично. А што е ова, во неделата двапати по 3000 денари. Дали се тоа пари. А се бори за работнички права… А замислете тој е претседател на ССМ, претседател на трговија генерален секретар на градежници, и по одбори, има преку 200.000 300.000 денари располага со кола, тој ужива како лорд“,изјави Љупчо Димовски.

Вработените кои јавно се пожалија на односот кон работниците во ССМ се сомневаат дека причина за ваквото однесување е да се прикријат малверзациите во работењето со буџетот. Тврдат дека пред неговото доаѓање на функцијата во 2023-та по смртта на дотогашниот прв синдикалец Дарко Димовски, на сметката имало околу 600.000 денари, додека денес таа била речиси празна. Се додека Трендафилов не излезе со став, факти и бројки против ваквите наводи, остануваат отворени низа прашања – за отказите и суспензиите, за наводниот мобинг и за финансиското работење.