Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

Тешка ноќ зад себе имаа пожарникарите од Прилеп и Битола, кои без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешка ноќ зад себе имаа пожарникарите од Прилеп и Битола, кои без престан се бореа со огнените јазици за да ги спасат селата Мусинци и Лопатица во пелагонискиот и прилепскиот регион. Пожарот синоќа сериозно го загрози селото Мусинци, поради што со булдожер беше направена противпожарна пресека за да се спречи ширењето на огнот кон куќите. Во гаснењето беше побарана и помош од Армијата. Селото во моментов е празно и нема жители. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ангелов, мариовскиот пожар е целосно изгаснат, а активна е само пожарната линија од страната на регионалниот пат Прилеп – Битола. Пожарникарите остануваат на терен и внимателно ја следат состојбата поради можноста за повторно активирање на огнот.

„Од страна на прилепските пожарниакри се работи контра пожарот, односно се пали вегетацијата покрај оваа противпожарна препрека која во текот на денот е направена со булдужери“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи.

„Ситуацијата засега е под контрола. Од Мусинци одиме према селото Лопатица, досега назад нема преминато ниакде пожарот. На две три места ни премина, со брза реакција го изгаснавме“, изјави пожарникар Милан.

Реклама

Најтешка е состојбата во Македонски Брод, каде повеќе од дваесетина пожарникари се борат со огнот на неколку краци. Теренот е карпест и исклучително непристапен, што значително го отежнува движењето на екипите, а на одредени места тоа е практично невозможно.

„Вториот предизвик останува пожарот на територијата на Македонски брод, каде вчера повторно го активирам модулот на Дирекцијата за заштита и спасување, во моментов составен од 25 доброволни пожарниакри и 5 оперативци на дирекцијата кои даваат поддршка на локалните пожарникари од Македонски Брод. Работеа вчера ќе работат и денес во гасењето на повеќето краци на овој пожар кој се одвива низ екстремно негостољубив терен“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи..

Активен е и пожарот кај селото Никуштак во Општина Липково. Во текот на вчерашниот ден три „ер трактори“ во девет налети исфрлиле околу 9 тони вода врз пожарот, но и покрај интервенцијата огнот се проширил и излегол од контрола. Пожарната линија се движи кон манастирот, а постои опасност да бидат загрозени и околните села. Сепак, одбраната на населените места е полесна бидејќи дворовите се исчистени и има помалку вегетација околу куќите. Гори и во Студеничани, во насока планината Китка. Непристапниот терен, густите грмушки, трњето и шумата дополнително го отежнуваат гаснењето. Од ЦУК информираат дека во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 35 пожари на отворен простор. Пет се активни, два се под контрола, а 28 се целосно изгаснати. Поради високите температури и исклучително сувата вегетација, надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност. И најмалата искра може за кратко време да прерасне во пожар со сериозни последици.