Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Небесен спектакл: светот во изминативе 24 часа беше сведок на дури три ретки астрономски феномени

Фасцинантно небо… За само 24 часа, светот уживаше во три небески спектакли:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фасцинантно небо… За само 24 часа, светот уживаше во три небески спектакли: затемнување на сонцето, дожд од метеори и планетарна парада. Жителите на Северната хемисфера сведочеа на целосно затемнување на Сонцето видливо низ делови од Гренланд, Исланд, северна Русија, Атлантскиот Океан, но и Шпанија и мал дел од Португалија. Само делумно во остатокот од Европа.

,,Стана потполно темно, а потоа светлината се врати. Беше навистина прекрасно” – изјави граѓанка.

,,Не знам како да објаснам но изгледаше како различна перспектива на времето, како целиот ден да дојде во дадениот момент… Ме натера да размислувам за острината на животот, за тоа дека времето може да биде различно” – кажа друга граѓанка.

Реклама

Вториот небески спектакл беше метеорскиот дожд Персеиди, еден од најпознатите и најатрактивните метеорски дождови во годината.

Во раните утрински часови пак,  на небото беше видлива и ѕвездена парада: на иста линија се најдоа шесте планети: Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

И Македонците се обидоа да стигнат до соодветните точки за да го доживеат барем делумно спектаклот- затемнување на сонцето и метеорскиот дожд. Огромен број граѓани истовремено тргнаа кон Козјак и околните скопски височини создавајќи километарски колони.

Почна околу 19:30 часот, а максимумот, околу 5 отсто видливо затемнување, го достигна шест минути потоа… а заврши околу 19 и 40 .

Уште еден феномен на небото ќе биде видливо за Македонците, на големиот празник 28 август. Тогаш ќе се случи не толку реткото –затемнување на Месечината.