Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување вечерва информираа дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување вечерва информираа дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

-Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување – се наведува во заедничкото соопштение.

По преземените активности, се додава во соопштението, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

Реклама

-МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени – се вели во соопштението.