Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември

Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за една од националните телевизии.

Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до крајот на септември.

– Дел од учениците кои требаше да бидат запишани во мај и јуни сè уште не се запишани. Тоа е пракса и од претходните години. Одреден број родители ги запишуваат своите деца кон крајот на август, па дури и во текот на септември. Дополнително, не сите училишта навреме ги внесуваат податоците во е-дневникот, а бројките ги добиваме токму од тој систем – појасни Јаневска.

Реклама

Таа посочи дека дел од родителите се враќаат од работа во странство непосредно пред почетокот на учебната година, поради што се очекува дел од децата допрва да бидат запишани.

Говорејќи за намалениот број првачиња во однос на лани, министерката нагласи дека врз ова влијае пред сè падот на наталитетот.

– Генерацијата што сега се запишува во прво одделение е родена во 2020 година, а статистичките податоци покажуваат дека наталитетот во тие години бележи пад. Тоа е една од причините за намалениот број ученици – истакна Јаневска.

Таа додаде дека дел од децата сè уште не се вклучени во образовниот процес, што претставува предизвик со кој институциите континуирано работат на терен.

Одговарајќи на прашање за причините поради кои некои деца не посетуваат настава, Јаневска истакна дека во минатото имало случаи на нивно ангажирање како работна сила, најчесто во земјоделството, но дека таквата појава значително се намалува.