Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновска: Додека СДСМ си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности

Додека СДСМ си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека СДСМ си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности, објави Марија Андоновска, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! 

Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. 

Реклама

Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови. 

СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било “лоповлук” и лично богатење. 

Знаел и Венко(МЗ), знаела и Рената( ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет. 

Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството. 

Не смее да е исто и не е исто! 

Сите надлежни институции, вклучително и здравствените имаа соодветен одговор и дено-ноќно работат за граѓаните на Госивар добијат квалитетна вода, а воедно се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана. 

Ајде Венко уште денес да влеземе во судница и јавно пред сите медиуми и целата јавност, да разговараме и да ги извадиме фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која сеуште не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која сте молчеле и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставил, за модуларната болница, за Ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можеше да направи голема хаварија во сред Клинички а си го оставил со години иако си знаел , да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои….а си знаел, во иста зграда си бил…

Ајде Венко имаме уште многу што да разговаравме, каков “пепел” оставивте и што се превземаме за да ги вратиме институциите во кондиција! 

Верувам во професионалноста на обвинителството и верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите. 

Додека СДС си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности.