Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

 Св. Климент Охридски со векови е симбол на македонската писменост, просветителство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Св. Климент Охридски со векови е симбол на македонската писменост, просветителство и духовност. Но неговото дело не живее само во историјата – тој и денес е инспирација за научниците, писателите, поетите, драматурзите и филмските автори. Токму оваа современа творечка инспирација е во фокусот на новото научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“.

 Четири до пет години истражување, илјадници страници литература и различни уметнички и научни пристапи кон ликот и делото на Св. Климент Охридски се обединети во едно научно дело.

 “Ова е наука за св. Климент, како творечка, како традиција, како инспирација за сите кои посегнале да пишуваат за св. Климент, да прават документарни филмови, играни филмови, поезија, драма. После ова јас имав една драма Апостолска чудотворност.Така што големи истражувања се во народната поезија, во народната литература, сето тоа е во овaа книга”-вели проф.д-р Зоран Пејковски  

Реклама

Неговата вредност, е токму во тоа што покажува дека просветителот и денес останува жив извор на творечка инспирација.

Оваа раскошна херменевтика е навистина импресивен рудник на познавања, студиозни познавања, којшто копаат во тој рудник и од тој изворник излегува една прекрасна раскошна херменевтика која говори за тоа како е современата рецепција, значи, како св. Климент Охридски е мотивација за современиот театар, за современата литература, за поезијата, и тоа е многу драгоцен придонес”-вели проф.д-р Кристина Николовска,промотор

„Јас докторирав на Св. Климент и сакав да оставам еден печат. За мене Св. Климент е нешто највисоко и највозвишено, нешто со кое Македонија треба да се гордее и да го чува како светост,истакна авторот на книгата,професор Пејковски.