Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Прилози

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Општината Гостивар нема проблем да ја прифати препораката на народниот правобранител Сељами-…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општината Гостивар нема проблем да ја прифати препораката на народниот правобранител Сељами- гостиварци да не ги плаќаат сметките за вода во периодот кога истата е забранета за пиење и готвење. Но, сакале тоа законски да се изведе велат за Алфа, па  штом барањето официјално стигне до нив веднаш ќе било ставено на гласање пред советниците. Ако тие дадат зелено светло, жителите на Гостивар ќе бидат ослободено од плаќање вода за овој период.  

„Ние како општина немаме никаков проблем да ја прифатиме препораката на народниот правобранител и жителите на Гостивар да не ги плаќаат сметки за водата за периодот во кој истата е забранета за користење. Само очекуваме да бидат запазени сите правни процедури“, велат од општина Гостивар.

Ако ова помине, општината ќе треба да објасни дали ќе им бидат вратени парите на граѓаните кои веќе редовно ги имаат подмирено сметките, или пак можеби истите ќе им бидат пребивани со наредните. Гостиварци летниот период имаа и дополнителни трошоци со купувањето на флаширана вода во услови кога водата од чешмите не смееја да ја користат за пиење и подготовка на храна. Жителите на овој град не смеат да ја користат водата од гостиварскиот водовод, од 17 јули, откако од Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за користење на истата. Овој потег следеше откако беше откриено дека диво поставени пумпи вбризгувале вода од реката Вардар директно во градската водоводна мрежа, што предизвика масовно загадување со фекални бактерии и здравствена криза.

Реклама

Инаку народниот правобранител Сељами кон крајот на работната недела донесе препорака за општинскиот Совет на Гостивар, да ги ослободи луѓето од плаќање.  Неговото образложение е дека во услови кога водата не може да се користи за основната намена, граѓаните не треба да ги сносат трошоците.

Паралелно правобранителство си води сопствен предмет за загадувањето на водата во Гостивар. Оттаму за Алфа ни рекоа дека ќе се утврдува како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Досега биле побарани информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно здравје.

„Од нив се добиени писмени одговори, но доставените информации не се целосни и не ги опфаќаат сите релевантни податоци и околности поврзани со проблемот со загадувањето на водата. Поради тоа, Народниот правобранител ќе побара дополнителни информации и од други надлежни институции, со цел да се утврдат конкретните факти и околности“, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Во меѓувреме, анализите продолжуваат. Бактериолошката контаминација се намалува, но забраната за пиење и готвење со водата сè уште е на сила. Надлежните очекуваат резултатите од повеќекратните мерења да покажат дали водата наскоро ќе може да биде прогласена за безбедна. Бројот на новозаболени, според здравствените власти, се намалува и се враќа на нивото пред избувнувањето на епидемијата.