Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Топлотовреме со високи температури и  оваа недела остануваат во Македонија.  Според УХМР,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Топлотовреме со високи температури и  оваа недела остануваат во Македонија.  Според УХМР, 40-те степени целзиусови на термометрите ќе потраат. Се најавуваат само локални нестабилности со дожд и грмежи повремено.

-Во следните денови продолжува периодот на сончево ии многу топло време со мала доумерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне и до 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи–велат од УХМР.

Од УХМР додаваат дека мало заладување се очекува од сабота кога дневните температури ќе се намалат за околу 5 степени и ќе се движат во интервал од 32 до 35 степени. Високите температури  и променливото време го влошуваат и здравјето кај граѓаните. Лекарите велат дека деновиве е зголемен бројот на пациенти кои бараат помош.Најчесто се јавуваат   граѓаните  кои имаат кардиоваскуларни, респираторни и малигни заболувања, бидејќи топлото време го отежнува нивното секојдневие.

Реклама

-Пациентите се јавуваат со промени на крвниот притисок, бидејќи знаеме со самото топло се шират крвните садови, се зголемува крвниот проток и пациентите од самото надворешно влијание се потат повеќе губат електролити и јавуваат симптоми на вртоглавица, несвестица слабост–истакна др.Веле Тодорвски.

Апелираат да се внимава и на малите деца бидејќи доаѓа до побрзо губење на течности и побрзо дехидрираат од возрасните, но најважно за сите да не се излегува на сонце во најтоплиот ден од денот.

-Апел до граѓаните доколку немаат важни активности во текот на дренот да не излегуваат во периодот меѓу   10 и 17 часот, да носат тенка облека исто така да пијат многу течности особено зборувам вода, бидејќи водата е основата за нашето функционирање–истакна др.Веле Тодорвски.

Дополнително,  да се избегнуваат кофеински пијалаци, консумирање на алкохол, тешка и мрсна храна,a  пушачите да намалат со употребата на никотин во овие топли денови.  Потенцираат дека најмногу  на удар се хорнично болните a осебно внимание да обрнат асматичарите. Лицата пак кои примаат лекови за висок притисок да не ја намалуваат терапијата на своја рака без да се консултираат со матичен лекар, бидејќи може да дојде до влошување на здравствената состојба.