Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Делчево и општините Новело, Монфорте д’Алба и Родино од Република Италија

Со пригодна свеченост денеска беше официјализирано збратимувањето на Делчево со општините Новело,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна свеченост денеска беше официјализирано збратимувањето на Делчево со општините Новело, Монфорте д’Алба и Родино од Република Италија. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и градоначалникот на Општина Новело, Марко Поларо денеска ставија потпис на Меморандумот со кој се унапредуваат пријателските односи, се зајакнува меѓусебната доверба и се развива соработката во духот на европските вредности и се гради трајна форма на партнерство.

Меморандумот за соработка ги содржи основните постулати на кои ќе се заснова соработката, целите и областите на збратимување, како и механизмите за спроведување на партнерството. Клучните области на соработка се културата, образованието, економијата и туризмот и животната средина. За реализација на договореното ќе се формира заеднички координативен комитет составен од претставници на двете општини, ќе се усвојува годишна програма за активности и проекти, како и редовна комуникација и официјални посети на делегации.

Инаку, на овој чин на збратимување му претходеа неколку административни постапки за официјализирање на иницијативата, донесени одлуки од страна на општинските совети, а потпишаниот Меморандум за соработка ќе биде испратен и до Министерството за надворешни работи.

Реклама

Делчево во своето семејство на збратимени општини сега брои 11 градови: Симитли од Бугарија, Валени ди Мунте од Романија, Јагодина од Србија, Вишгород од Украина, Борнова од Турција, Жирардув од Полска, Фелцожолца од Унгарија, Горажде од Босна и  Херцеговина и Новело, Монфорте д’ Алба и Родино од Италија. По завршување на административната постапка, Општината Рикалдоне ќе биде 12 збратимена општина на Делчево.