Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Водата во Гостивар постепено се стабилизира, но граѓаните се уште не смеат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар постепено се стабилизира, но граѓаните се уште не смеат да ја користат за пиење и готвење. Бројот на бактерии е значително намален, а надлежните очекуваат дополнителните анализи да покажат дали водата веќе од наредната недела ќе биде прогласена за безбедна. За раководителот на главниот штаб за  управување со кризи, Ангелов, состојбата со водата е значително подобрена по повеќедневното хиперхлорирање на водоводниот систем. Но, за тргање на забраната нема да биде доволен само еден добар резултат. Потребно е во неколку последователни анализи да нема присуство на бактерии, а потоа и нивото на хлор да се врати во дозволените граници, вели Ангелов за Алфа.

„Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, последните наоди се значително подобри во однос на претходните. Но, потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на главниот штаб за управување со кризи.

Од резултатите од анализите ќе зависи и укинувањето на забраната за користење на водата. Додека не се потврди исправноста во повеќе последователни мерења на Агенцијата за храна и ветеринарство, граѓаните ќе мора да почекаат со нејзиното користење за пиење и готвење.

Реклама

„Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го направи тоа тогаш кога водата ќе биде и хемиски и бактеоролошки исправна за пиење“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на главниот штаб за управување со кризи.. .

Гостиварци претходните години се соочуваа со сериозен недостиг на вода во водоводниот систем, а надлежните тогаш не преземаа соодветни мерки за обезбедување дополнителни количини вода.

Народниот правобранител Сељами излезе со препорака до советот на Општина Гостивар, заради последните случувања, да донесе одлука со која граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на водата за периодот додека таа не е безбедна за пиење. Според него, во услови кога водата не може да се користи за основната намена, граѓаните не треба да ги сносат трошоците за услуга што не им е обезбедна во сосгласност со стандардите за безбедност.

Досега се регистрирани повеќе од 4.000 заболени, од кои над 1.000 се официјално пријавени како случаи на заразна болест и за нив се спроведуваат епидемиолошки анкети. Клиничката слика кај пациентите е слична, а најчести симптоми се стомачни тегоби, дијареја и други цревни инфекции.

Добрата вест е што во последните неколку дена бројот на новозаболени се вратил на нивото што било вообичаено пред избувнувањето на епидемијата.