Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата

Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата – изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар каде ќе бидат сместени 20-тината дата центри коишто сега се распоредени низ целата држава. Со тоа ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе се создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. 

– Не зборуваме за дата центар од хипер големина од 50 до 100 мегавати како што се комерцијалните дата центри што се градат во светот, туку за мал дата центар од помалку од еден мегават инсталирана моќност. Максимум што ќе може да стигне до 20 -25 години ќе биде пет мегавати моќност. Тоа е еден микро центар којшто служи за потребите на државата и на граѓаните, нема да служи за милиони корисници, ниту за светски провајдери, ниту ќе го издаваме на приватниот сектор – изјави Андоновски вечерва на една од националните телевизии.

Реклама

Најавува дека ќе биде изработен елаборат за животна средина и анализа за општественото влијание. Планирано е да биде изграден за 24 месеци, но во моментот се работи за обезбедување на финансиската конструкција и на наоѓањето на локација.

– Проектот во својата прва фаза би чинел околу 20 милиони евра. Средствата кои ќе ги обезбедиме преку Планот за раст и реформската агенда, 30 проценти грант, а за 70 проценти ќе бараме поволно финансирање од страна на меѓународни партнери што е значително помалку отколку да се грижиме за 20 помали дата центри. Планираме тој да се грее и лади со најмодерните системи за греење и ладење. Техничките детали ќе им бидат познати на граѓаните – изјави Андоновски.

Во однос на мигрирањето на постоечките системи во националниот дата центар, Андоновски појасни дека тоа нема да се случи преку ноќ туку дека најпрво ќе мигрираат државните критични системи и оние кои сега се чуваат во несоодветни услови, а потоа сукцесивно и сите останати. 

– Нема да се случи да ги изгасиме сите во петок и во понеделеник да почнат да работат. Системите ќе мигрираат еден по еден, предност ќе имаат државните критични системи – платформата за интероперабилност, порталот за услуги… Правиме план за миграција. Институциите кои имаат системи што ги чуваат на најнесодветен начин или се наоѓаат во просторија со несоодвети услови, ќе мигрираат први – рече Андоновски.