Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Фризерски и козметички салони, автомеханичарски работилници, отворање компании во ИТ-секторот, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фризерски и козметички салони, автомеханичарски работилници, отворање компании во ИТ-секторот, но и бројни други дејности, се меѓу најчестите идеи со кои невработените лица започнуваат сопствен бизнис. Голем е интересот за мерката за самовработување што ја спроведува Агенцијата за вработување со поддршка од Владата. Годинава аплицирале околу 5.500 лица, од кои 3.000 продолжуваат во вториот круг на конкурирање за грантови и дополнителни обуки.

„Интерес има особено во услужните дејности, особено за фризерски и козметички салони. Би ги издвоил и гранките од занаетчиството, особено градежништвото – молери, електричари, механичари, плочкари – ги има речиси секоја година. Освен овие, во последно време евидентно е дека во ИТ-бизнисот, особено младите, отвораат фирми и имаат добри идеи“, изјави Аднан Ејуп, директор на Агенцијата за вработување

Покрај финансиската поддршка, новите претприемачи добиваат и шестмесечно менторство, со цел полесно да го започнат и развиваат својот бизнис. Висината на грантовите зависи од категоријата на апликантите, при што младите добиваат најголема финансиска поддршка. Лицата до 29 години можат да добијат средства во износ до 10.000 евра.

Реклама

„Посебен фокус имавме на младите до 29 години, на лицата кои користат гарантирана минимална помош, односно примаат социјална помош, долгорочно невработените лица, лицата кои се повратници од странство, кои првпат беа опфатени со мерка во Оперативниот план, како и на лицата жртви на родово базирано насилство“, изјави, Аднан Ејуп, директор на Агенцијата за вработување

Од Агенцијата за вработување велат дека постојано ги следат потребите на пазарот на труд и се консултираат со засегнатите страни, а во иднина се очекува воведување и нови мерки за поддршка на невработените.