Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Државниот и јавниот долг остануваат стабилни и во рамки на проекциите. Навремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот и јавниот долг остануваат стабилни и во рамки на проекциите. Навремено се сервисираат сите обврски, и новите и наследените.

Последните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека јавниот долг изенсува 58.8% од БДП односно нешто над 10.7 милијарди евра, а државниот долг 51.7% од БДП односно нешто над 9.4 милијарди евра.

„Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра“, велат од Министерството за финансии.

Реклама

И покрај сервисирањето на значителни обврски наследени од минатото, како што е Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Владата успева истовремено да ја зачува финансиската стабилност.

„Владата успева редовно да ги исполнува обврските, да ја одржи стабилноста на буџетот и паралелно да реализира проекти од значење за граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

За Владата ваквите бројки се само показател дека јавните финансии се стабилизираат и дека државата се движи во вистинска насока.  Но важно е вложувањето и во капитални инвестиции, модерна инфраструктура, здравство, образование и проекти кои треба да создаваат економски раст, нови работи места и повисок животен стандард.