Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Две нови комори станаа членки на ССКМ

– Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората.

ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаѓа по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни 
годинава во Скопје. 

-Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и 
дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата. Во услови на динамични економски промени, обединувањето на компаниите во рамки на силен коморски систем е од особено значење за креирање заеднички иницијативи, унапредување на деловната клима и поефикасен институционален дијалог – изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски.

Реклама

Во овој момент, во состав на ССКМ функционираат следните комори: Агро бизнис комора; ИКТ комора; Комора на сметководители, финансии и даночни советници; Туристичко-угостителска комора; Услужна комора; ЕНЕРГОКОМ – Стопанска комора на компании од енергетиката; Комора на интегрирано приватно здравство; Комора за трговија и дистрибуција; Комора за индустрија и развој; и Комора за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент.
Во рамки на Сојузот активно функционираат и трите групации: Групација за проекти; Групација за игри на среќа; и Групација за стартапи.

Преку својата работа, групациите придонесуваат за развој на нови иницијативи, поттикнување на иновациите и поефикасно застапување на специфичните интереси на компаниите.

Во ССКМ сметаат дека новата организациска поставеност ќе овозможи уште посилно поврзување на компаниите од различни сектори, поголема мег усебна соработка, размена на знаење и искуства, како и поефикасно заедничко 
застапување на интересите на стопанството во земјата и на интернационалните пазари.