Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Tоп

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

4 пати повеќе казни во јули во споредба со февруари кога „Сејф…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

4 пати повеќе казни во јули во споредба со февруари кога „Сејф сити“ почна да функционира. Многу шофери брзале, прекорачиле 50 км на час, па изречени биле дури 86 илјади 278 казни. Ова е бројка за Скопје, Тетово и Куманово, коридорите 8 и 10 Д.  Безбедносниот систем за минатиот месец регистрирал вкупно околу 88 илјади прекршоци, што е рекордна бројка откога почна неговата примена.

  • „1.000 прекршоци за „управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, а регистрирани се и 746 прекршоци за „минување на затворен сигнал-црвено светло““ стои во одговорот од полицијата.

Етепно ќе биде ставањето во функција на системот и во останатите градови, а од МВР велат дека се работи на поставување камери и техничко опремување во сите сектори за внатрешни работи. Една недела како функционираат камерите во Општина Дебарца, на делницата помеѓу селата Горенци и Требеништа, а набрзо се очекува да стартуваат и во Охрид каде привршува техничката проверка и тестирања.

Во меѓувреме, покрај редовните сообраќајни контроли, на терен се ангажирани и специјализирани полициски возила, таканаречени „пресретнувачи“, кои ги детектираат и санкционираат возачите што возат со прекумерна брзина или вршат други опасни прекршоци. Ова е многу важно особено во периодот на летните одмиори, кога низ Македонија има зголемена фрекфенција на странски возила….Надлежните казнуваат, но апелираат да се вози одговорно:

Реклама
  • „Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината на условите на патот, да не управуваат возило под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас и да не користат мобилен телефон додека возат. Секој прекршок што го загрозува животот и безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран“ апелираат од МВР.

Редовни акции има и за моторџиите и возачите на тротинети. Па така вчеравечер во Тетово од 17 до 23 часот биле санционирани 50-тина.

  • „За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила (тротинети), 31 за управување мопед и мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за изминат рок на важност на осигурителна полиса, една за истечена важност на регистрацијата на мотоцикл, една за управување без соодветна категорија, една за управување под дејство на алкохол, една за други прекршоци сторени од возачи на мопеди и мотоцикли, три мерки за останати сообраќајни прекршоци и едно барање за правно лице“ велат од МВР.

Еден бил и уапсен затоа што без возачка возел мопед кој му бил одземен. Полицијата привремено одземала и еден тротинет, кое го возел дете, а бил качен уште еден патник.