Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Димитриеска-Кочоска: Денешното потпишување на договорите е силен сигнал за довербата што ЕИБ и ЕБОР ја имаат во нашите политики

За реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку треба да постои и стабилна, одржлива финансиска рамка, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред потпишувањето договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8 во Владата.

Како што истакна, Владата има јасна определба за реализација на стратешките инфраструктурни проекти. 

– Денеска потпишуваме амандмани кон договорите за финансирање и амандман на договорот за грант за проектот „Изградба на нова железничка делница Крива Паланка – граница со Република Бугарија, како дел од железничкиот Коридор VIII“, со кој се обезбедува финансиска конструкција што ќе овозможи целосна реализација на проектот, а кој не само што ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, туку ќе придонесе и за поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките, како и за нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион. Со овој документ создаваме услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, нагласи Димитриеска-Кочоска. 

Реклама

Средствата за имплементација на третата делница се обезбедени, рече, со поддршка од нашите долгогодишни партнери, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

– Овие институции со години се меѓу најзначајните поддржувачи на развојните проекти во нашата држава, инвестирајќи во транспортна инфраструктура, енергетика, водоснабдување и во поддршка на приватниот сектор. Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој уште еднаш ја потврдуваат својата поддршка за овој проект, препознавајќи го неговото стратешко значење, како и нашата посветеност за негово успешно реализирање. Тоа претставува силен сигнал за довербата што овие институции ја имаат во нашите политики и во нашата определба да ги подобриме условите во транспортот и да го унапредиме железничкиот сообраќај, напомена министерката.

Според неа, изминатите две години интензивно се работење на забрзување на динамиката на проектите што беа наследени со застој, како и на почнување нови инвестиции што придонесуваат за подобри услови за живот, унапредување на економијата и напредок на евроинтегративниот процес.

– Поддршката на капиталните проекти, покрај средствата обезбедени од меѓународните финансиски институции, се реализира и преку силна буџетска поддршка. Со Ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедивме дополнителни 5,8 милијарди денари за капитални расходи, односно 14,3 отсто повеќе во однос на иницијално планираните средства. Тие се инвестиција во повисока конкурентност на македонската економија, во подобра регионална поврзаност, во нови можности за бизнисот и во повисок животен стандард за граѓаните. Остануваме посветени на реализацијата на овие цели, водејќи сметка истовремено да ја зачуваме стабилноста на јавните финансии. Токму таквиот пристап преку одговорно управување со јавните финансии, обезбедување средства за капитални инвестиции и силно партнерство со меѓународните финансиски институции создава основа за одржлив економски раст, поголема конкурентност и побрза интеграција на нашата држава во европските транспортни и економски текови, рече министерката за финансии.

На потпишувањето во Владата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау – заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.