Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скопјани летово ќе мора да „пливаат на суво“: базенот СЦ „Борис Трајковски“ е затворен по штетите од невремето

Решетки пред влезот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“, пливачите се оставени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решетки пред влезот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“, пливачите се оставени на суво после големото невреме кое го зафати Скопје на 21ви јули. Орканските ветрови го откорнаa кровот на базенот.

Надлежните велат дека катанците ќе останат на вратите помеѓу една и две години – ќе следува целосна реконструкција за што било потребно подолго време.

„Базенот има навистина трајни оштетувања коишто ги бележи би рекол од дамнешни времиња коишто се провлекувале досега, но ова невреме коешто се случи пред десетина дена во Скопје, навистина направи голема штета којашто во овој момент прво е ненадоместлива а второ навистина бара малку поголем зафат што значи реконструкција. Она коешто во овој момент го подготвуваме веќе е проект кој ќе опфати целосна реконструкција на базенот. Зборуваме од машинската соба, па се до кровот горе што значи дека практично би добиле еден нов базен“, изјави Данијел Апостоловски, директор на СЦ „Борис Трајковски“

Реклама

Реконструкцијата би требало да започне во октомври или ноември, а сериозната инвестиција ќе се реализира во соработка со Владата за што веќе се водат разговори.

„Ова е еден процес којшто е неминовен и мора да се случи се со во интерес на тоа да добиеме објект којшто во наредните години нема да се соочува со вакви проблеми. За жал ова се случува во лето ете би рекол кога можеби граѓаните најмногу и го посетуваат овој базен но сметам дека безбедноста е нешто коешто не треба да се стави под знак прашалник и од таа причина постапуваме вака“,

Базенот во „Борис Трајковски“ е изграден во 1978 година, прв пат е извршена поголема реконструкција во 2010 каде што се работело на покривот, плочките и внатрешноста на базенот.

Скопјани веќе четврта година се и без аква парк, тој останува затворен поради сериозни безбедносни ризици – истечени се гаранциите за издржливост на тобоганите и останатите реквизити. Надлежните велат дека се прават напори следната сезона повторно да ги отвори портите за посетители.

„Во изминатиот период направивме една анализа на целиот објект којшто ни кажува дека навистина има трајни и големи оштетувања коишто се обидовме да стигнеме оваа година да ги санираме меѓутоа е невозможно бидејќи навистина е од голем обем работата којашто треба да се преземе. Ние веќе од ова лето започнавме со подготовки за наредното што значи дека правиме сервиси на тобоганите и на сите реквизити коишто ги имаме внатре меѓутоа има уште одредени процедури коишто треба да ги поминеме за да бидеме целосно подготвени“

Аква паркот е отворен во 2013 година а проектот вредел 4,2 милиони евра и е составен дел на СЦ „Борис Трајковски“. Располага со 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови.