Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Енергетската состојба во Македонија е стабилна

Македонија не треба да стравува. Струја ќе има, добра е покриеноста од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не треба да стравува. Струја ќе има, добра е покриеноста од домашното поризводство, акумулациите се полни. Од министерството за енергетика соопштуваат дека во мај годинава во земјава се произведени 462 653 мегават часови електрична енергија, со што се покриени 96,5 отсто од домашната потрошувачка. Велат дека значително е зголемено производството од хидроелектраните – за 76 проценти во однос на истиот период лани, како и раст од околу 10 проценти кај ветерните електрани.

„Овие резултати се потврда дека постепената диверзификација на производните капацитети, внимателното управување со акумулациите и подобреното планирање придонесуваат за поголема отпорност на македонскиот енергетски систем во услови на сè почести климатски промени, велат од Министертвото за енергетика и минерали

Експертите велат дека резултатите се добри, пред се поради големиот број на изградени фотоволтаични централи и ветерници. Но, предупредуваат дека е потребно рационалното користење на водата.

Реклама

Ниа сега ако оваа хдироенергија ако ја користиме вака ќе ја потрошиме за многу кратко време. Кога најмногу ни треба во зимската сезона ќе немаме. И показателите покажуваат дека даваме големи суми за увоз на електрична енеегија, тоа е обично преку зимскиот период, вели Ристо Цицонков, експерт.

Според експертите за целосна енергетска независност, Македонија одамна требало да изгради државна когенеративна централа. Но, за да се заштеди на време и пари и да не се почнува од нула, Цицонков, вели дека треба да размислува за модернизација на ТЕЦ Неготино. Таа би требало да работи како батерија, но и како производствен капацитет.

„Значи да не се почне од нула изградба на нова, туку дел од таа термоелектрана да се користи. Може и целосно да се користи наместо  мазут да се направат горилници на гас, меѓутоа нема да биде искористена максимално потенцијалната енергија од гасот, подобро е да се направи комбијнација да се стави гасна турбина и овој потосечкиот дел да се користи како генерација“, вели Цицонков.

Само на ваков начин експертите тврдат дека Македонија би била вистински енергетски независна. Воедно, од енергетика, велат дека паралелно се инвестира во нови капацитети за производство од обновливи извори, во модернизација на електроенергетската инфраструктура, развој на батериски системи за складирање на електрична енергија, како и во проекти што ќе овозможат поголема флексибилност и побрзо прилагодување на системот во услови на климатски и пазарни промени.