Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Свет

Кенеди Јуниор во интервју за Си-Ен-Ен: Не е само ковидот, и лајмската болест и респираторниот синцицијален вирус се излезени од лаборатории

Со генерации се прават обиди да се стават „заштитни огради“ Gain of…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со генерации се прават обиди да се стават „заштитни огради“ Gain of function (лабараториски истражувања на вируси и живи организми), но тоа не функционира. И очигледно пандемијата на Ковид-19 и многу други глобални пандемии што ги имаме, произлегоа од„Gain of function” истражување. Епидемијата на респираторниот синцицијален вирус (RSV) што ја имаме, која е најголемиот убиец на деца во оваа земја денес, произлезе од ваков вид експерименти. Лајмската болест речиси сигурно произлезе од ваков вид истражување – изјави американскиот министер за здравство и социјални услуги (HHS), Роберт Ф. Кенеди Јуниор, во неодамнешното интервју за Си-Ен-Ен. 

Новинарката на Си-Ен-Ен Дана Беш, меѓудругото, го праша Кенеди Јуниор за тоа како да се спречи следна епидемија на болест која би можела да произлезе од таканареченото истражување „Gain of function”, многу ризичен процес што вклучува манипулирање со вирусот за да се проучи како се однесува додека еволуира, дали е подготвен да го прекине ова истражување и дали е подобро можеби само да се постават „подобри заштитни огради“. Повикувајќи се на тврдења на научници, новинарката Дана Кеш рече дека иако истражувањето е контроверзно, потребно е да се подготвиме за пребродување на следна пандемија „за да се открие што можат да направат овие вируси“. 

– Луѓето со генерации се обидуваат да постават заштитни огради околу тоа и тоа не функционира. И очигледно пандемијата на COVID-19 и многу други глобални пандемии што ги имаме произлегоа од “Gain of function” истражување. Епидемијата на респираторниот синцицијален вирус (RSV) што ја имаме, која е најголемиот убиец на деца во оваа земја денес, произлезе од ваков вид експерименти. Лајмската болест речиси сигурно произлезе од ваков вид истражување. Значи, научниците за кои велите дека се експерти, а кои тврдат дека ова е неопходно за одговор на пандемија, не можат да посочат ниту еден пример во историјата каде што истражувањата што произлегле од ваков вид експериментирање всушност ни обезбедиле нешто корисно – рече Кенеди Јуниор.

Реклама

Тој потенцира дека минатиот пат (за време на ковид-кризата) експертите направиле се погрешно, додека сега главната работа што треба да се направи е да се слушнат лекарите за тоа што се случува на терен.  

– Главната работа што треба да ја направиме е да слушаме што се случува со лекарите на терен. Низ целиот свет има 15 милиони лекари на првата линија. Тие сега се главно поврзани преку интернет. На првата линија можеме да кажеме што функционира, а што не. Да ги слушавме тие лекари за време на пандемијата на КОВИД, потенцијално ќе спасевме милиони животи – рече Кенеди Јуниор. 

Американскиот министер во интервјуто за Си-Ен-Ен посочи дека за време на ковид пандемијата имало терапевтски средства кои функционирале, лекари кои немале смртни случаи од Ковид и во некои случаи лекувале илјадници пациенти, а ние не ги слушавме.Наместо тоа, вели Кенеди Јуниор, го правевме спротивното – ги затворавме.

Примарната обврска на сегашната администрација на САД, според министерот за здравство, е заштита на уставните права на граѓаните, нешто што за време на ковидот, вели, било целосно укинато.

– И потоа, другата работа што би ја кажал е дека треба да ги заштитиме нашите уставни права. Тоа е примарна обврска на земјата. За време на Ковид, целосно ги укинавме нашите уставни права. Почнавме да ги цензурираме луѓето што го прекршуваат амандманот – рече Кенеди Јуниор.

Една од грешките што ги направивме минатиот пат, додаде тој, беше потиснувањето на тие права за да не се чуе гласот на луѓето.

– Лекарите кои велеа дека го правите тоа погрешно беа маргинализирани и оцрнувани – потенцира американскиот министер.

Кенеди Јуниор во интервјуто влезе во расправија со новинарката Кеш поврзана со известувањето на медиумите и новинарите за време на ковид пандемијата.  

– Апсолутно имаше новинарска злоупотреба. Не дозволувавте… вашата работа е да се има жесток скептицизам кон авторитетот и не го правевте тоа – рече Кенеди Јуниор.

„Gain of function“ е тип на научно истражување во кое живи организми или вируси се свесно менувани за да добијат нови својства, како што се поголема заразност, способност да заразат нови видови или отпорност на лекови. Според пребарувањата што ги направивме, целта на ваквите истражувања се разбирање на вирусите при што научниците ги проучуваат можните мутации за да знаат како вирусите се менуваат во природата, потоа создавање лекови и вакцини како подготовка на одбрана пред да се појават нови природни болести и помагаат во предвидување на идни епидемии и пандемии.

Најголемите ризици што ги носи „Gain of function“ е опасен вирус да излезе од лабораторија, како и злоупотреба на вирусите и нивно користење за создавање нови биолошки оружја. Поради високиот ризик, овие истражувања се предмет на строги правила и големи светски расправи. 

„Мислам дека она што нанесе најголема штета на нашата земја беа карантините. Карантините што затворија 3,5 милиони бизниси во нашата земја без соодветна постапка, без праведна компензација. С

Инаку, во интервјуто за Си-Ен-Ен американскиот министер за здравство и социјални услуги (HHS), Кенеди Јуниор, влезе во остар вербален конфликт со водителката на Си-Ен-Ен, Беш, со цел да ги покаже апсурдностите што на САД и на светот му се случуваа за време на ковид-кризата, но и да одговори на обвинувањата за неоснован скептицизам кон вакцините, за кој често е критикуван од медиумите.

Американската јавност деновиве е сведок на јавни дебати за можни злоупотреби за време на пандемијата од страна на првиот човек за заразни болести на САД, Ентони Фаучи, со поддршка на фармацевтскиот бизнис и мејнстрим медиумите. Ова доаѓа откако Фаучи се соочи со испрашување пред Конгресот и по заплената на неговите работни дневници кои содржат многу контроверзи. Токму дневниците на Фаучи беа најголемиот аргумент на Кенеди во жестокиот разговор со Беш дека погрешните политики од тоа време носат болести и епидемија на мали сипаници денес.