Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Влегуваат во земјата како туристки, а ноќите ги минуваат забавувајќи ги гостите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегуваат во земјата како туристки, а ноќите ги минуваат забавувајќи ги гостите во ноќните клубови со егзотични танци. Последната акција на СВР Тетово откри 15 странски државјанки кои работеле нелегално во локали и го злоупотребиле туристичкиот престој. Но приказната оди многу подлабоко, надлежните се сомневаат дека станува збор за поширок синџир на нелегално вработување и за можна трговија со луѓе. Постои сомнеж дека танчерките и нивините менаџери  веќе подолг период го изигрувале законот.

„При контролата во село Чегране во Гостивар, околу 2 часаот од слобода е лишан М.Х. 50 годишен од село Форино, Гостиварско. Тој откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници, на задниот влез било спречено бегство на повеќе женски лица, странски државјанки.“ – вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Ова не е изолиран случај. Според информациите, меѓу приведените има и државјанка на Колумбија, а нејзини сонароднички и претходно биле затечени во вакви контроли, па депортирани назад во нивната родна земја.

Реклама

 „Поради злоупотреба на туристички престој односно престојување спротивно на целта приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија од кои 11 во Чегране и 4 во угостителскиот објект во подрачјето на полициското одделение Галате. Сите се задржани во полиција и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.“- вели Реџепи.

Македонија не е единствена држава во регионот што се соочува со злоупотреба на туристичкиот престој. При слични полициски акции во Србија, Босна и Црна Гора, полицијата открила странски државјанки што формално престојувале како туристки, а работеле во ноќни клубови.

И бројките покажуваат дека ваквите случаи не се реткост. Само во текот на 2025 година, полицијата во Тетовско-гостиварскиот регион спровела 43 контроли во ноќни локали, при што биле затекнати 129 странски државјанки, а против 81 биле поведени постапки поради незаконски престој или злоупотреба. Меѓу нив, покрај државјанки од Албанија и Србија, имало и од Колумбија, Бразил, Венецуела и Украина, што укажува на континуиран тренд на ангажирање на странски државјанки во ноќните клубови.