Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Бензинот поефтинува за два денари, дизелот поскапува за еден денар. Регулаторна Комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензинот поефтинува за два денари, дизелот поскапува за еден денар. Регулаторна Комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата во Македонија. Од полноќ бензинот од 95 октани ќе се продава за 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 93 денари за литар. Дизел горивото пак ќе се продава по цена од 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

И покрај минималното поскапување на дизел горивото, сепак Македонија останува со најефтини горива во регионот. Најголема разлика во цената има кај бензините. Во регионот граѓаните ќе плаќаат во просек поскап безнин за околу 18 евро центи или над 11 денари за литар. Кај дизел горивата, Македонија е повторно најефтина, но и Бугарија и Црна Гора имаат приближно иста цена, додека поскап дизел ќе точат граѓаните во Србија и Грција, нешто под две евра, додека пак цената на ова гориво во Албанија надмина веќе 2 евра за литар.

Реклама

Македонската влада продолжува со следење на цената на горивата и понатаму останува во заштита на стандардот на граѓаните. Во Македонија до 20-ти октомври важи одлуката за кризна состојба, со што доколку се случи нагло поскапување на цената на горивата на светските пазари, може да се очекува и намалување на ддв-то за горивата. Ова е во случај ако цената на тон гориво достигне 1200 долари. Засега нема најави дека ова ќе се случи. Паралаленио на светските берзи минатата недела цената на нафтата забележа пад од околу 4 насто и во еден момент се спушти на 83 долари за барел. Оваа недела таа се движи на границата од 84 до 85 долари за барел. Од септември се очекува дополнително намалување на цената на горивата, бидејќи земјите од ОПЕК плус најавија зголемување на производството на нафта, со што ќе се зголеми понудата на црното злато на светкските пазари.