Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Тропските горештини, сувата зима, и недостатокот на дожд ги пресушија реките во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тропските горештини, сувата зима, и недостатокот на дожд ги пресушија реките во Европа. Најзагрижувачка е состојбата со реката Дунав, која речиси е пресушена и предизвкува сериозна криза со Струјата во србија и Унгарија. Овие две земји се соочуваат со сериозни проблеми во производството и снабдувањето со електрична енергија. Македонија како увозно зависна држава, засега нема последици, но ако трпат соседите, и државава може да се соочи со вакви слични проблеми. Дунав денеска достигна рекордно низок водостој. Беа измерени дури 163 сантиметри под референтната вредност. Унгарските власти целосно ја исклучија нуклеарната централа Пакш, за првпат во 44 години. Нуклеарката произведува дури 40% од струјата во земјата. Премиерот Петер Маѓар побара од граѓаните да штедат струја во периодот од 17 до 22 часот и да го ограничат користењето на клима-уредите и машините за перење.

„Унгарија веројатно никогаш не била во ваква тешка енергетска состојба во изминативе децении како сега и се наоѓаме на самиот старт на потешкотиите. Се уште оперираме со речиси половина од капацитетите со 940 магавати наместо со 2000 мегавати, но поради намалувањето на водостојот на Дунав, друго намалување на капацитетите се очекува наскоро. Сигурносни исклучувања мора да има“ – вели Петер Маѓар – премиер на Унгарија.

Енергетски аларм и во Србија. Хидроелектраните „Ѓердап 1“ и „Ѓердап 2“ едвај произведуваат струја поради нискиот водостој на Дунав. Министерката за енергетика на Србија рече дека ова е рекордно ниско производство од 20 до 30% од капацитетите. Останатите акумулации се наполнети околу 75 отсто, а состојбата во „Костолац“ е стабилна. Засега нема проблеми со производството од најголемите термоелектрани „Никола Тесла“, ниту пак со водата од реката Сава за ладење. Во Србија е регистрирана рекордна потрошувачка на струја, на ниво на зимските месеци. По седницата на Штабот за вонредни состојби, српскиот премиер Ѓуро Мацут изјави дека снабдувањето е стабилно, но сите будно ја следат состојбата.

Реклама

„Неопходно е да се одржи стабилноста на енергетскиот систем, која во моментов е целосно обезбедена, како и да се обезбеди функционалноста на пловниот режим, односно да се овозможи непречена пловидба по Дунав. Исто така, треба да се одржи поврзаноста со каналскиот систем Дунав–Тиса–Дунав, а токму на тоа најинтензивно ќе работат водостопанствата“ – рече Ѓуро Мацут – премиер на Србија.

Проблеми има и во Бугарија. Сите стравуваат уште колоку ќе може да издржи со работа нуклеарката Козлодуј, која исто така ја нкористи водата од Дунав. И покрај тоа што надлежните смируваат, граѓаните стравуваат од нови прекини на струјата. Сепак, сите признаваат дека следните денови ќе бидат клучни, особено периодот до петок за кога се најавуваат температури од 40 степени. Кај нас, премиерот во неколку наврати рече дека за разлика од пред неколку години кога беа на 8%, сега акумулациите се полни 70 до 80%.