Одиме во историско Крушево, каде атмосферата за Илинден е посебна. Градот е преполн со гости, а така ќе биде и во наредните денови за време на празнувањето на „Десетте дена Крушевска Република“. Празнувањето започна уште вчера, а кулминацијата е денеска со големиот народен собир на историскиот Мечкин Камен. Владината делегација ја предводи вицепремиерот Александар Николоски, а пред присутните обраќање имаше потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски… Директно во вестите од Крушево ја вклучуваме Ања Лукарова.