Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Гостивар е на чекор да добие бактериолошки исправна вода за пиење. Премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гостивар е на чекор да добие бактериолошки исправна вода за пиење. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето е во завршна фаза и дека многу скоро граѓаните ќе можат без страв да ја користат водата од чешма.По години проблеми и предупредувања за неисправна вода, ова, според надлежните, треба да биде конечно решение за еден од најголемите комунални проблеми во градот. Иако изметот и фекалиите изчезнаа, во водоводот се уште има бактерии кои можат да предизвикаат проблем.Секојдневно се земаат примероци и се тестира водоводната мрежа, но пред властите да дадат зелено светло, водата мора три дена последователно да биде чиста како солза. 

Oдиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење којашто ќе е бактериолошки исправна.Замолувам за трпение затоа што сериозен пристап имаме и сериозно и сериозно го вршиме овој процес. Јас очекувам, еве, многу скоро од денеска граѓаните да добијат, покрај вода којашто ја користат за технички потреби, и вода за за готвење и за пиењеизјави премиерот Христијан Мицкоски.

Долгогодишниот проблем со неисправната вода во Гостивар не е случајност, туку последица на несовесно работење на дел од вработените во комуналното претпријатие – вели премиерот Мицкоски. Тој очекува истрагата да се прошири.

Реклама

„Имавме несовесно работење на вработени од јавното претпријатие „Водовод“, кои директно со цевки и пумпи вода од река префрлиле во главниот резервоар. За тоа обвинителството постапува и веќе имаме лица кои се обезбедени, сослушани и очекувам истрагата да се проширува“, изјави премиерот.

Во меѓувреме, епидемијата во Гостивар стивнува. Вчера 60-тина пациенти побарале лекарска помош, за разлика од пикот кога имаше над 650 прегледи.

Епидемиолозите но и здравствените власти аларамираат дека иако дијаерата кај гостиварци е помината, опасноста не е завршена.Во наредните неколку недели се очекува на пораст на бројките со заболени од жолтица. Затоа лекарите апелираат граѓаните кои биле изложени на загадената вода треба во следните два месеца да внимаваат на својата здравствена состојба. Ако почувствуваат силен замор, губење апетит, гадење, покачена температура, темна урина, светла столица или пожолтување на кожата и очите, веднаш да се јават кај матичен лекар.

Инаку, водата во Гостивар смее да се користи само како техничка вода, од понеделникот.