Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Груба манипулација со соучество на локален виш јавен обвинител. Премиерот Мицкоски предупредува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Груба манипулација со соучество на локален виш јавен обвинител. Премиерот Мицкоски предупредува од груби манипулации во случајот со Благојче Марковски, главно обвинетиот за кртиминал во РЕК Битола на кој судот во Струга му го врати пасошот. Премиерот предупредува дека овој случај нема така да заврши, гарантира дека ќе има истрага и одговорност:

-Не би сакал да шпекулирам со имиња, затоа што допвра ќе има истрага и ќе следи истрага за овој затоа што од страна надлежното Основно јавно обвинителство, имаме поинаков извештај од тој кој што е приложен како записник од тој кој што е приложен како извештај од Вишото јавно обвинителство тука во Битола. Така што ова нема така да заврши, ова јас лично во го гарантирам и јас лично ќе го следам овој процес, изјави Мицкоски.

Сопственикот на „Марковски компани“ со пет милиони евра гаранција, си го врати пасошот и веднаш замина во Србија, каде што има профитабилни бизниси. Според јавно достапните податоци Марковски поседува две фирми кај северниот сосед, кои последниве години работат профитабилно. Од 2009-та година ја има „Хаза Изградба“, која последниве три години бележи пад во работата, но сепак работи профитабилно. Во 2023-та имале профит од 98 милиони денари, во 2024-та добивката била 40 милиони, додека во 2025-та оствариле профит од 11,3 милиони динари.

Реклама

Во декември на самиот крај на 2024-та година Марковски ја основал и фирмата „РСЈ-М Изградба“, веќе во 2025-та оваа фирма почнува да работи со профит од речиси седум милиони динари. Инаку, имотот на Марковски своевремено беше замрзнат, како во Македонија, така и во соседна Србија. Битолското обвинителство, преку Канцеларија за поврат на имот, упати барање до надлежните во Србија за замрзнување на неговиот имот таму, кој се состои 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за „Хаза Изградба“.

-Од српските органи беше побарано да му забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага. Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина. Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот, кажаа од ОЈО.

Инаку обвинението беше поднесено пред 7 месеци од битолското Обвинителство против осум физички и едно правно лице за тендер во РЕК „Битола“ вреден околу 1,7 милиони евра од 2023 година. Станува збор за набавката поврзана со дислокацијата на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“. Покрај Марковски, обвинети се и петмина вработени во РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата компанија.

Матеја Петровски