Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Мицкоски: Субвенциите за сточарите се обезбедени, да се пријавува реалното производство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун.

Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“.

– Ребалансот е донесен, се објавува во „Службен весник“ и потоа веднаш ќе биде исплатата зашто средствата се обезбедени. Драго ми е што од оние предизвици што ги имаат сточарите, како цената и вишоците, веќе ги немаат. Успеавме со интензивна акција тоа да го надминеме. И ние имаме предизвици, пријавени се грла добиток што стопати повеќе произведуваат млеко, значи ќе треба и дисципината да ја подобриме зашто субвенциите се народни пари и ако така се однесуваме, ќе немаме уште долго. Ќе мора да сме чесни и да го пријавуваме она што го произведуваме, не може едно грло да произведува стопати повеќе од најуспешното грло во светот. Ќе има контрола и таа е веќе почната не само на овој тип производи кај сточарите туку и кај другите земјоделци и земјоделски култури. Мора да се грижиме за државата, да има ред и дисциплина. Ако не се гржиме ние, не може да очекуваме некој од надвор да се грижи за нас. Значи, не може да пријавуваме дека на еден хектар се произведени 30 или 35 тона тутун, може два, 2,5, па и три тони, ама не може 35 тони на хектар. Има многу работи што мора сите заеднички да ги совладаме како предизвици – посочи премиерот по посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.