Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Прилози

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

По опасен стрмен и непристапен терен, со специјалните армиски и полициски хермелини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По опасен стрмен и непристапен терен, со специјалните армиски и полициски хермелини и пинцгауери тимови на Дирекцијата за заштита и спасување демонстрираа дека и годинава се подготвени да се справат со пожарите на отворено…

И оваа сезона, таканаречените огнени тимови составени од припадници на доброволните противпожарни друштва и Дирекцијата за заштита и спасување се првата линија на одбрана од огнените стихии. Првиот човек на дирекцијата информираше дека во Македонија има околу 900 професионални пожарникари кои се подготвени да интервенираат уште при првиот сигнал за пожар..Како засилување на располагање е и новата единица од поранешни припадници на полицијата и армијата кои ќе имаат задача со специјални возила брзо да стигнат до најкритичните места.

„За првпат по долги години, уште на почетокот на јуни имавме три функционални ер-трактори со функциолани пилоти кои навистина одлична ја вршат својата работа и значително помагаат во справувањето со пожари. Во рамки на министерството имаме три функционални хеликоптери, еден помал кој ќе го користиме за извидување и два кои ќе ги користиме за транспорт на луѓе, пред се пожарникари и други сили, за префрлање на местата каде имаме пожари, но и за гасење на пожари“, изјави Стојанче Ангелов – директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Реклама

Превентивно, уште од 1 Јули е прогласена кризна состојба, а до крајот на август има забрана за движење во шумите. Надлежните сметаат дека токму раната мобилизација придонела бројот на пожари да биде помал во споредба со претходните години. Во текот на јули, дневно во просек биле регистрирани околу 15 пожари, а сите биле ставени под контрола со брзи интервенции на терен и од воздух.

Тоа е една од причините зошто имавме помал број на пожари. Кризната сотојба ни овозможи сите институции да бидат малксуално подготвени и коориднацијата да биде многу пооперативна да се одвива брзо одлуки и можеме да носиме брзо одлуки и да даваме наредби“, изјави Стојанче Ангелов – директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

За прв пат во битката против пожарите, тимовите имаат на располагање и водни ранци со моќни пумпи. Поделени се и илјада нови специјални негоречки гумени метли за гасење пожари на отворен простор. И покрај подобрената подготвеност, надлежните предупредуваат дека ниту една опрема не може да помогне ако совеста на граѓаните затаи. Затоа повторно апелираат секој што ќе забележи чад или пожар веднаш да ги извести службите. Велат дека токму навремената пријава и брзата реакција се најсилното оружје во спречувањето огнената стихија да се прошири и да предизвика поголеми материјални и еколошки штети.