Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Прилози

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Обвинетиот бизнисмен замилионски злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ Борче Марковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетиот бизнисмен замилионски злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“ Борче Марковски не избегал од државата – туку бил на службен пат во Србија. Неговиот адвокат го брани дека отпатувал  исклучиво поради деловни обврски, оти имал бизнис компанија која не можела да функционира без него и ќе се врател за неколку дена.

Пасошот е побаран за да може кратко да отпатува, да склучи договори кои чекаат негов потпис и најдоцна до 1 август се врати во земјава.За сето ова ќе бидат известени сите надлежни орани –уверува адвокатот Марјан Николоски.

Маркоски ја напушти државава вчера откако струшкиот основен суд  му го врати пасошот, прифаќајќи ја гаранцијата вредна повеќе од пет милиони евра.Од Јавното обвинителство велат дека иницијативата за враќање на пасошот ја поднела одбраната на обвинетиот.

Реклама

Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06. даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа.”, велат од Обвинителството.

Струшкиот суд образложи дека двете мерки – гаранцијата во имот и одземањето на патната исправа – не можат истовремено да бидат во сила.Ваквото тврдење е спорно за правните експерти.

Јанаки Митровски- адвокат

 Образложението на судот е прво законски непоткрепено и неточно затоа што член 144 го регулира тоа прашање каде што е изричито спротивно на она што го образлага судот. Стои дека може да се определуваат повеќе мерки на претпазливост што значи дека заедно со гаранцијата може да биде определена и мерка одземање на патна исправа и забрана за преминување на државната граница. Во тој дел фактички е неточен ставот на судот но повторно потенцирам дека сметам дека гаранциите треба да се прифаќаат.Но праксата покажува дека тоа пак е привилегија само кај политички и финансиски моќните, додека кај обичните смртници има малку поинаков критериумвели адвокатот Јанаки Митровски

Пракса стана одредени моќници да бидат привилегирани кога треба да се дели правда. Бројни се случаите кои уште повеќе ја уриваат довербата во правосудството. За потсетување,  Асмир Јахоски сопственик на Пуцко Петрол излезе од притвор со гаранција од 2 милиони евра, поранешниот претседател на фидбалската федерација Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода со гаранција од над 1 милион евра. Поранешниот градоначалник на Карпош и екс директор на царина ,Стефан Богоев излезе од Шутка со гаранција од 55.000 евра. Лавина реакции предизвика и одлуката  за домашен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби,  кој по 14 месеци бегство со распишана меѓународна потерница одлучи да се врати во Македонија.  Судот прифати и екс директорите на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, да бидат ослободени од притвор со гаранција поголема од 500.000 евра.