По пауза од речиси една недела, американската војска повторно нападна цели директно во Иран. Меѓу погодените цели биле воени командни центри, постројки за ракети и дронови, како и објекти за крајбрежен надзор и одбрана, објави американската регионална команда.
Според соопштението, „интензивната“ бранова офанзива била одговор на обидите на Иран претходниот ден да изврши ракетни напади врз американските сили во регионот.
Според американската војска, контранападите имале цел дополнително да ги намалат „заканите што Иран и неговите сојузнички групи ги претставуваат за американските вооружени сили, трговската пловидба и соседните земји во Персискиот Залив“.

Претходно, иранските медиуми објавија за повеќе експлозии во јужниот дел на Исламската Република.
