Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Влада: Обезбедени над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и „вранец“

Владата донесе Одлука со која се менуваат и дополнуваат условите за користење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе Одлука со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензациските фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ е 793.481.723 денари или околу 10,1 милиони евра. Од нив, 240 милиони денари се наменети за откуп на оризова арпа, а 553.481.723 денари за откуп на винско грозје од сортата вранец.

Максималниот износ на кредитот за откуп на вранец ќе изнесува 130 милиони денари, а за оризова арпа 30 милиони денари.

За оризовата арпа е предвиден рок на отплата до шест месеци, а за грозјето до девет месеци. За двете намени е предвиден грејс-период до три месеци и квартална отплата. Каматната стапка ќе биде фиксна и ќе изнесува еден процент годишно, без еднократна провизија за управување со кредитот.

Реклама

-Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна. Со овој инструмент создаваме финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврден рок. Барањата во рамките на секој од двата износа ќе се разгледуваат според редоследот на пристигнувањ, информира владината прес-служба.