Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност

Извршниот одбор на Народната банка денеска одлучи да ја задржи основната каматна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извршниот одбор на Народната банка денеска одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 проценти. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Во јуни НБ ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти. 

– Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат на повисоките цени на енергентите. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона и на ниво коешто е соодветно на потребите за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот. Годишната стапка на инфлација забавува и во јуни, делумно под влијание на споредбената основа од минатата година – соопшти НБ.

Извршниот одбор оценил дека е потребно повеќе време за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, а особено имајќи ја предвид високата неизвесност во надворешното окружување, повторната ескалација на тензиите на Блискиот Исток и можните преносни ефекти врз девизниот пазар и домашните цени.

Реклама

– Повторното заострување на воените дејствија на Блискиот Исток, како и на војната помеѓу Русија и Украина предизвика нови силни нагорни притисоци врз цените на енергентите и другите примарни производи и нарушувања во синџирите на снабдување. Покрај ова, и натаму влијаат домашните фактори што ја поддржуваат побарувачката и создаваат ризици за идната патека на инфлацијата. Во вакви услови, беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна. Задржувањето на основната каматна стапка, заедно со мерките преземени досега кај задолжителната резерва и макропрудентната политика ќе придонесат за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, за постепено враќање на инфлацијата на историскиот просек и за натамошно зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијаат и врз кредитните услови во економијата – велат од Народната банка.

На последниот состанок, Европската централна банка исто така ги задржа истите каматни стапки, оценувајќи дека неизвесноста и натаму е висока, а ефектот од енергетскиот шок врз инфлацијата во еврозоната сѐ уште не се чувствува целосно.

Како што информира централната банка, во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на јуни, девизните резерви изнесуваат 4.936,4 милиони евра и се одржуваат во сигурната зона во согласност со показателите за адекватност. Од почетокот на мај наваму, девизниот пазар е стабилен, при сосема мали интервенции на Народната банка и на страната на продажбата, и на страната на откупот на девизи.

– Во јуни 2026 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 3,4 проценти, што е пониско ниво од очекувањата според априлската проекција. Забавувањето најмногу произлегува од поумерениот раст на цените на храната, при поволни сезонски и базни ефекти, како и од забавувањето на базичната инфлација што е поврзано со променливоста на цените на воздушниот сообраќај. Сепак, инфлацијата и натаму е на релативно повисоко ниво, а увозните цени сѐ уште се високи и нестабилни, во услови на одолжена неизвесност поради геополитичките случувања. Притоа, најновите проекции за увозните цени упатуваат на повисока странска инфлација, а неизвесноста и ризиците поврзани со идната динамика на светските цени на примарните производи и натаму се изразени, особено поради повторната ескалација на воените дејствија. Од друга страна, анкетите на Европската комисија спроведени во јуни упатуваат на очекувања на потрошувачите за натамошен, но значително поумерен раст на општото ниво на цените во следните 12 месеци – се вели во соопштението. 

НБ укажува дека домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување. Во првиот квартал од 2026 година, реалниот раст на БДП изнесуваше 3,1 процент, а расположливите високофреквентни показатели за вториот квартал, информира централната банка, засега упатуваат на можно забрзување на годишниот раст. Во монетарниот сектор, кредитната поддршка на побарувачката во економијата и натаму е посилна во однос на проекциите, при повисок раст и на депозитната база.

– Народната банка и во иднина ќе биде посветена на одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како основен предуслов за обезбедување ценовна стабилност на среден рок. За таа цел, ќе продолжи со внимателно следење на домашните и меѓународните економски и финансиски движења, ќе ги оценува нивните ефекти врз девизниот пазар и инфлацијата и е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност – соопшти Народната банка.