Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Булингот на мета во средните училишта, градот застанува на страната на учениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Булингот на мета во средните училишта, градот застанува на страната на учениците кои не можат да си дозволат толку колку своите финансиски помоќни соученици. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека од септември сите новозапишани средношколци ќе добијат униформа од државата.

„Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Со оваа мерка ги намалуваме социјалните разлики го олеснуваме финансискиот товар на семејствата и им овозможуваме на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на, Град Скопје

Ова отвора многу прашања околу дискриминацијата поради економските разлики како и во образовниот систем, кој треба да ги поучува децата на меѓусебно разбирање и толеранција.

Реклама

„Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи.“

Токму овој потег цели кон изедначување на учениците во однос на изгледот – прилично сензитивна тема за младите, кои се уште го развиваат својот индивиудален идентиет. Целта е да се создаде средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво без разлика на економскиот статус на неговото семејствто.