Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Студентските домови во Скопје од октомври ќе блеснат со нов сјај. Незавидната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентските домови во Скопје од октомври ќе блеснат со нов сјај. Незавидната состојба во која се наоѓаа овие клучни места за студентскиот живот конечно се подобрува. Модернизацијата е главната цел на овој проект за реновирање на овие простории кои се изградени уште во времето на Југославија.

„Реновациите според планот треба да бидат завршени до 1ви октомври. Утре имаме состанок со изведувачот што работи со проектната единица од МОН, каде што ќе ги договориме деталите на преземање на студентскиот дом „Стив Наумов“. Така што во наредниов период работиме на тоа со кое темпо ќе почнеме да го преземаме, да ги видиме условите и да се подготвуваме за сместување на студентите“, изјави Александар Каровски, директор на Државен студентски дом

Реклама

Реновациите вклучуваат целосно нова менза, чајни кујни со комплетна климатизација, читални за студентите како и места за социјализација. Просториите на студентските домови ќе бидат обновени од темел. Капацитетот на студентски домови во „Гоце Делчев“ е 1216, во „Стив Наумов“ 1014, во „Кузман“ има околу 280 легла.

„Практично се работи за целосна промена на целата опрема, мебел, купатила, хидрофори, струја, топловодно греење и така натаму. Значи буквално се работи како за отворање на нови домови, останати се само ѕидовите се друго е сменето. Така што сите услови ќе бидат нови. Најдобри моментално во регионот и пошироко.“

Претходно, се заострија и законите за сместувањето во студентските домови, лица над 30 годни нема да може да престојуваат во нив. Ако се внесе алкохол тогаш следува забрана од 5 години за посетување на домот. Во „Стив Наумов“, цената за сместување е 6600 денари додека во другите ќе чини 3410 денари месечно. Конкурсот за сместување на веќе-запишаните студенти ќе трае до 31ви јули додека за новозапишаните ќе се отвори на 14ти септември.