Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Расправа по дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2026 година, власта и опозицијата со спротивставени ставови, седницата продолжува по паузата

Со дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2026 година за кој се води…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2026 година за кој се води расправа во Собранието, според пратениците од владејачката коалиција, продолжуваат заложбите за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики што веќе даваат резултати и придонесуваат за поволни економски текови, а крајната цел е раст на економијата и подобар животен стандард на граѓаните и создавање услови за севкупен просперитет. Според пратениците од опозицијата, пак, дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон продуктивен развој.

Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија на Македонија рече дека точно е дека инфлацијата се редефинира на 4,5 проценти. Инфлацијата, посочи, заради енергетската криза во април беше 5,7 проценти, во мај 4,8 проценти, а во јуни 3,4 проценти, што значи дека сето она што го прави Владата и мерките што ги презема од месец во месец веќе имаме сериозен пад на инлацијата.

– Значи 3,4 проценти е инфлацијата во јуни иако е ревидирана на 4,5 проценти значи многу реално на годишно ниво. Тоа е нешто кое се случува во сите држави во Европската унија не само во нашата држава. Цело време зборувате за седумте милијарди дефицит. Не постои ставка на која не е објаснето каде одат тие средства. Одат за повисоки пензии, плати на администрацијата, здравство, образование, земјоделство, истакна Станковиќ.

Реклама

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ во контрареплика рече дека ако сме трета економија според раст на БДП нема да има ценовни шокови, нема да има доцнење на субвенциите за земјоделците, доцнење на помошта која треба да ја имаат ранливите категории, нема да бидат максимално задолжени општини, нема да има 18 милијарди неисплатени обврски кон приватниот сектор, непрофитните организации и здруженија.

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците рече дека обичниот граѓанин никаде не го гледа економскиот бум.

– Граѓаните гледаат дека минималната семејна кошничка станува се понеподнослива, дека платите и натаму се меѓу најниските во Европа, дека цените растат повеќе од нивниот животен стандард, голем дел од младите не размислуваат како да изградат иднина во оваа држава, туку како што побрзо да си заминат од неа. Прашањето е дали овој ребаланс ќе го промени животот на граѓаните, дали ќе го зголеми стандардот, дали ќе ги намали трошоците за живот, дали ќе се убедат младите иднината тука да ја изградат. За жал овој документ не ми дава причина да верувам дека одговорот е позитивен. Владата зборува за просечна плата, но таа не е тоа што го добиваат граѓаните. Голем број граѓани земаат многу пониски плати од просечната плата, рече Снопче.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Снопче, праша каде отишле парите кои биле дадени како заем за општина Гостивар пред пет и повеќе години во износ од 7,1 милиони евра, кои биле за изградба на резервоари за поголем капацитет со крајна цел поефикансно водоснабдување и намалување на загубите на вода. 

– Дали доколку овој проект се реализираше според договореното ние сега во Гостивар ќе ја имавме оваа мака. Добро ќе беше да кажете за интензитетот на градбата на автопатите од Гостивар до Тетово, од Гостивар до Букојчани, додаде Стојаноска.  

Седницата продолжува по редовната пауза, која ќе трае до 15:15 часот.