Реклама

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Прилози

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Сред лето, во дел од угостителските објекти во Струга, наместо чаша вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сред лето, во дел од угостителските објекти во Струга, наместо чаша вода од чешма, ќе добиете сметка за флаширана вода. Во екот на туристичката сезона, бесплатна вода не се служи. Под изговор дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, угостителите ги убедувале гостите да купуваат флаширана. Стравот е неоправдан, јавноста непотребно се вознемирува, возвраќаат од Јавното претпријатие „Водовод“, кои секојдневно примале поплаки од граѓаните и гостите.

„Од страна на одредени угостителски објекти им се кажува дека водата не е за пиење и им се нуди флаширана вода. Сакам да ви кажам дека водата е со одличен квалитет и може да се користи за секаква намена. Мислам дека ова се прави со цел да се зголеми профитот на угостителските објекти, ако знаеме дека една флаширана вода чини од 70 до 100 денари и нагоре“, вели Јованчо Мечкароски, директор на Ј.П. „Водовод“ – Струга.

Во однос на изворите во Шум, кои еден месец се забранети за користење поради енормното загадување на водата за пиење, која ја користат околу 20.000 домаќинства во Струга и струшко, од претпријатието велат дека санацијата сè уште не е започната бидејќи шест месеци се чекаат насоки од Обвинителството.

Реклама

„Во моментот, изворите во Шум, нема санација, бидејќи сè уште се чекаат насоки од Обвинителството. Ние немаме изготвено решение, бидејќи мора да постапуваме по тоа што ќе ни биде доставено од страна на Јавното обвинителство. Поднесовме барање до Владата за определување на заштитни зони и истото го направи и Советот на Општина Струга. Добивме одговор и насоки, по што е испратено барање до надлежните институции за изготвување на заштитните зони, но сè уште немаме конкретен одговор кога би се прогласиле истите“, вели Мечкароски.

Од ОЈО кусо велат дека се преземаат истражни дејствија и дека се очекуваат резултати од уште едно вештачење, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.