Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Не само оставка, туку и кривична одговорност од Министерот за здравство Клековски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само оставка, туку и кривична одговорност од Министерот за здравство Клековски – СДСМ бара сите да одговараат за Гостивар, но никако не Лимани – човекот што тие му помогнаа на избори да стане. Градоначалник. Сегашниот таканарачен грев на Клековски е што, според СДСМ, тој и влдатата не реагирале навреме во случајот со загадувањето на водата со што дозволиле гостварци за жзавршат во болница. Според опозициската партија, министерот признал дека црвениот аламрм бил предоцна запален, што според нив значело дека институциите пет дена не ја предупредиле јавноста и не презеле соодветни мерки, додека бројот на заболени постојано растел.

„Пет дена институциите молчеле. Пет дена не ја предупредиле јавноста. Пет дена не презеле мерки, додека стотици граѓани се разболувале. Гостиварчани 22 дена пиеле загадена вода со фекалии. Над 4.070 граѓани се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна“, изјави Маја Борозан од СДСМ

Инаку, откако изби скандалот, опозициската партија и нејзиниот лидер Венко Филипче ниту еднаш не побараа оставка или кривична одговорност од градоначалникот на Гостивар, Лимани. На последните избори, тој победи токму со помош на гласовите на СДСМ.

Реклама

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ пак ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи дека СДСМ со денови шират лаги и паника и потсетија дека контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции, а таму на власт се друштвото СДСМ, ДУИ и Таравари.

„Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани е кадар токму на оваа дружина“, изјави Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.

Случајот Гостивар предизвика меѓупартиски препукувања и и во албанскиот блок. Од ДУИ изразија загриженост и потсетија дека водата за пиење е основно човеково право и побараа транспарента истрага и одговорност од сите инволвирани. Од ВРЕДИ пак јавно ги повикаа да одговорат каде завршија 7-те милиони евра донација од Швајцарија и Германската развојна банка, за проектот за реновирање на водоводот во Гостивар, кој требаше да обезбеди еднаков притисок на вода за сите Гостиварчани. Проект кој требаше да започне за време на градоначалникот Невзат Бејта од ДУИ, а да го заврши Арбен Таравари.