Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече дека е потребно појаснување на целокупниот процес и потсети на промените во американската царинска политика во изминатиот период.

– Јас го следев и тоа и ги гледав и медиумите. Морам да дадам појаснување што е тоа што се случува. Инаку и ние сме во групата на држави кои што не добија дополнителни царини, но тоа не значи дека тргуваме со САД без царини. Мислам, сакам тоа да биде јасно. Во април 2025 година се воведоа оние први царински тарифи. Во таа група ние како држава бевме со 33 проценти тарифи, а до тогаш имавме тарифи кои беа во согласност со Светската трговска организација, исто како што и Србија, исто како и сите други земји во светот – изјави Мицкоски по увидот на градежни активности на изградба на клучката Момин Поток.

Реклама

Тој посочи дека по преговорите со американските институции, Македонија обезбедила намалување на дополнителните тарифи од 33 на 15 проценти, по што тие биле укинати со одлука на Врховниот суд на САД, а подоцна бил воведен нов трговски додаток.

– Потоа преговаравме во рамките на преговорите што ги имаше Минитертвото за надворешни работи и надворешна тргоција заедно со дузина други институции со нивниот трговски оддел и некаде во август 2025 година постигнавме договор од 33 да спуштиме на 15 проценти царински тарифи. Потоа во февруари 2026 година Врховниот суд на САД ги укина целосно тие тарифи за потоа да се воведе т.н. трговски додаток од 10 проценти кон сите земји во светот. Не сме ние во таа група од 60 држави со дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини и дека ни Србија нема царини. Има и Србија, исто како и тие држави кои што не се на тој список од 60 земји – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата ја цени соработката со САД како стратешки партнер и очекува таа да продолжи да се развива во духот на меѓусебното партнерство.

– Ние цениме дека како стратешки партнер со САД конечно можеме да соработуваме онака како што заслужуваме и како што треба да соработуваат стратешки партнери. Нормално, не правиме естрада од сето тоа, тоа е нормална политика која што треба така и да функционира – дополни тој.