Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Балкан

Силно невреме во Атина и во северниот дел на Грција – град ја прекри планината Олимп во бело

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силни налети на ветер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силни налети на ветер денеска ја зафати Атина и нејзината околина, додека циклонскиот бран погоди и повеќе делови од северна Грција, предизвикувајќи штети врз инфраструктурата и сериозни проблеми во сообраќајот, јавуваат грчките медиуми.

Според весникот „Катимерини“, обилните врнежи предизвикале поплави во централниот дел на Атина и во Пиреја, каде што силниот ветер уривал кровови и скелиња од згради, а на повеќе улици сообраќајот бил привремено во прекин.

Грчката противпожарна служба интервенирала по повеќе од 150 повици за испумпување вода од поплавени домови и деловни објекти, како и за отстранување на последиците од невремето, при што околу 60 интервенции биле само на подрачјето на Атина.

Реклама

Во текот на попладнето невремето ги зафатило делови од централна и северна Грција, додека уште во утринските часови силни бури биле регистрирани над Јонското Море.

Особено тешка била состојбата на Олимп, каде што силен град и снег ја прекриле планината, а удар од гром предизвикал пожар во близина на Волос.

Снимките што ги објавуваат грчките медиуми и граѓаните на социјалните мрежи сведочат за силината на невремето во повеќе региони низ земјата.

Силно невреме ја погоди и Ламија, како и западниот дел на Фтиотида, каде што градот предизвикал големи штети во овоштарниците и земјоделските површини. Според локалните извештаи, само 15 минути пороен дожд и град биле доволни за да предизвикаат сериозни проблеми на националниот автопат и на регионалната патна мрежа.

Град паднал и во Гревена, каде што биле оштетени посеви и автомобили, а сообраќајот бил значително отежнат.

Претходно, грчките власти издадоа итно предупредување за опасни временски услови и го активираа системот за итни известувања „112“, испраќајќи СМС-пораки до граѓаните и туристите.

Според „Катимерини“, поради сериозноста на временската состојба, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција активирал црвен метеоаларм за 11 региони, а надлежните служби се ставени во состојба на целосна мобилизација.