Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Повеќе од деценија по првите сериозни предупредувања, охридскиот регион повторно доби нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од деценија по првите сериозни предупредувања, охридскиот регион повторно доби нова шанса да го зачува статусот на светско природно и културно наследство. УНЕСКО одлучи да не го впише на Листата на светско наследство во опасност, но пред Македонија постави нов рок од пет години за целосно исполнување на препораките што се провлекуваат од 2019 година, кога за првпат Охрид се соочи со опасноста да биде ставен на листата на загрозени подрачја. Експертите укажуваат дека ова е последен сериозен сигнал дека ветувањата мора да се претворат во конкретни резултати. Иако одлуката значи дека Комитетот има доверба во институциите, следува период на интензивна имплементација и строг мониторинг.

„Комитетот за светско наследство верува дека ние имаме капацитет да одговориме на обврските што во следниот период треба да ги направиме. Она што е важно е дека сите сме сложни и ги имаме детектирано проблемите со кои се соочува регионот, но сега следи период на имплементација. Она што значи пет години не е бел лист хартија, туку едноставно работна временска рамка во која ќе има многу извештаи, многу контроли и, се разбира, многу работа“, вели проф. д-р Сашо Коруноски од ФТУ Охрид.

Предизвиците остануваат исти – управување со крајбрежјето, отпадните води и депониите, дивоградбите, просторното планирање и координацијата меѓу сите надлежни институции. Градоначалникот Пецаков уверува дека ќе се фатат во костец со дивоградбите.

Реклама

„Да, оние кои ќе бидат нотирани како сериозен проблем, односно нешто за кое треба да постапиме, тука сме во корелација со државата и ќе има одредени поместувања по однос на таа работа. Имаме пет години пред нас, посебно за она што претставува документација, односно закони, правилници, прогласувања за национални паркови, споменици на природата итн. Тоа е нешто на кое треба да поработиме во наредниот период, иако е во тек, и ќе остане уште она што е менаџмент-план за управување со Охридското крајбрежје. И тоа е документ кој е многу значаен“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Една од најважните задачи ќе биде уредувањето на крајбрежјето според меѓународни стандарди, алармираат експертите.

„Треба да има точни правила околу уредувањето на плажите, бидејќи тоа е поврзано со планирањето на просторот. Така што Агенцијата за планирање на просторот треба час поскоро да изготви детални планови за тоа плажите во поголем дел да бидат уредени. Сите плажи да бидат уредени според правилата на УНЕСКО, значи да бидат изградени од природни материјали, а сите оние нестандардни плажи и оние објекти што веќе се останати на крајбрежјето, го нагрдуваат просторот и треба секако да се отстранат“, вели Ѓоко Зороски, инженер за заштита на животната средина.

Иако Охрид овојпат ја избегна Листата на светско наследство во опасност, следните пет години ќе бидат пресудни дали оваа доверба ќе биде оправдана или повторно ќе се отвори прашањето за неговиот статус. На 1 февруари 2029 година УНЕСКО доаѓа во нова мониторинг-мисија.